Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, на барање на тутунопроизводителите од Општина Конче, заедно со градоначалникот Благој Илиев, остварија средба на која беше разговарано со тутунопроизводителите од овој регион по повод нивното незадоволство од текот на откупот на тутун од реколтата 2019 година.

– Иако досега откупот се одвивал без никакви проблеми и откупени се околу 70 отсто од тутунот, тутунопроизводителите се загрижени за остатокот на тутун што сè уште не е откупен. На состанокот присуствуваа и претставници на фирмите откупувачи, како и претседателот на Сојузот на Здружението на тутунари. Министерот Димковски, по средбата со тутунопроизводителите, посети еден од откупните пунктови во Конче. Откупот продолжува и понатаму и нема место за загриженост бидејќи институциите и откупувачите ќе направат сè што е во нивна моќ за тутнот да биде откупен во целост, согласно договорените количини – соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.