ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа „Диамед“ е првата Македонска приватна специјална болница, која им склучено договор со Фондот за здравствено осигурување.

Медицинскиот персонал постави нормативи со имплементирање на модерна хемодијализа со индивидуализиран третман за пациенти. „Диамед“ е отворена во 2010 година, приказната егзистира 9 години како модел проект за дијализа во регионот кој обезбедува грижата за пациенти со бубрежни заболувања, бубрежна инсуфициенција и болни кои се на хроничен програм на хемодијализа.

„Диамед“ е дел од германска групација D.Med Healthcare која поседува 62 дијализни клиники во Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.

На 14 Мај 2019 година тимот на ПЗУ Специјална болница „Диамед“ одржа симпозиум за нивните медицински достигнувања, а сè со цел за подобра грижа и третман на дијализните пациенти.

Во пријатна атмосфера со присуство на претставници од Германската Амбасада, Делегацијата на германското стопанство, блиските соработници, но и најважните гости преставници на пациенти го прослави својот 9-ти роденден. Пред присутните се обрати Управителот на болницата, г-динот Герд Бројх. Во својот говор се заблагодари на своите вработени за професионалноста и посветеноста, каде што особено пофални зборови упати кон проф. др. Гроздановски Ристо, медицинскиот директор Др. Елена Б.Бансколиева, финансовиот директор г-ца Емилија Петровска како и главната медицинска сестра г-ѓа Емин Имран.

„Диамед“ го преставија својот успех и најавија ребрендирање од Диамед во „D.Med Medical“ со особен акцент дека ќе продолжат да се усовршуваат и имплементираат модерна дијализа во Македонија следејки ги германските и интернационалините стандарди за хемодијализа.

За завршница на настанот им беше доделена Плакета од Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ по повод успешна соработка и континуирана грижа за пациентите.