Македонија во јуни годинава вкупно потрошила 527.856 мегават часови електрична енергија, 4,123 милиони нормални метри кубни природен гас, 410.807 тони јаглен и 80.943 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 94,9 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.