Пониска цена за електричната енергија и пониски трошоци за домаќинствата е целта на измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност на Министерството за финансии, усвоен денеска од Собранието, информира Министерството за финансии.

Според усвоените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност даночната стапка за прометот на електричната енергија кон домаќинствата се намалува од 18 проценти на пет проценти. Намалената стапка согласно законското решени ќе се применува со денот на влегување во сила на Законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се до 30 јуни 2022 година. По овој датум во наредната година, односно од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година ќе се применува повластена даночна стапка од 10 проценти за прометот на електричната енергија кон домаќинствата, појаснуват од финансии.

Целта на воведување на повластените даночни стапка за прометот на електрична енергија кон домаќинставата, како што додаваат од министерството е да се овозможи пониска цена за граѓаните и намалување на нивните трошоци.