„Макси златна рипка“, за макси желби! Среќа, љубов и пари со инстант-лозот „Аморова стрела“

Државна лотарија ја збогатува палетата инстант-лозови со лозовите „Макси златна рипка“ и „Аморова стрела“. Трагачите по забава, игра и добивки ги очекува нова возбудлива игра во подводна потрага по добитни броеви со „Макси златна рипка“, или по добитни симболи во правец на движењето на аморовата стрелка со инстант-лозот „Аморова стрела“.

Како и досега златната рипка остварува до три желби, или во случај на нашиот инстант лоз, рипката носи до три шанси за добивка. Но, инстант-лозот „Златна рипка“ порасна заедно со желбите на играчите, па сега новиот лоз „Макси златна рипка“ носи уште поголем фонд на добивки: 10 х 1.000.000 денари, 10 х 500.000 денари, 10 х 100.000 денари, многу други добивки и, секако, многу повеќе забава. Златната рипка е со нас повеќе од пет години, но овојпат таа не е обична, туку макси рипка со макси добивки. Со „Макси златна рипка“ за макси желби.

Најновото изненадување за играчите на инстант-лотаријата е инстант-лозот „Аморова стрела“ што ќе ги зачини летните денови со забавна игра на познатата убава тема ‒ љубовта, но овојпат преку симболи коишто може да донесат богати парични добивки, до 500/000 денари. Возбудливото откривање на истоветни симболи наредени во правец на една аморова стрела ќе ве внесе во откривање на добивката и поврзување на среќата, љубовта и парите. Играта е забавна, а лозот е добитен доколку откриете три еднакви симболи распоредени во еден ред, во една дијагонала или во една колона.Како што љубовта и среќата најчесто одат во пар, така и. лозот „Аморова стрела“ нуди не една, туку две игри, од кои втората е бонус игра со добивка сокриена зад симболот срце. Но, не може да се опише тоа што треба да се доживее.

Затоа побарајте инстант-лоз „Аморова стрела“на сите продажни места на Државна лотарија и уверете се дека среќата, љубовта и парите може да имаат еден заднички правец.