Заканата од гасоводот „Северен тек 2“ за Европската Унија е многу преувеличена од страна на американската влада, изјавил Дејвид Банкс, бившиот советник на американските претседатели Доналд Трамп и Џорџ Буш

Американскиот министер за енергетика, Рик Пери, истакнал дека САД размислуваат за дополнителни санкции против проектот за гасоводот „Северен тек 2“. Тоа е она што Москва официјално го опиша како „неприфатливо“ и тие настојувања ги спореди со рекет и уцена. Портпаролот на рускиот претседател, Димитар Песков, рече дека само конкуренцијата на овој и на другите проекти на пазарот ќе ја покаже својата вредност.

– Моето мислење за „Северен тек 2“ се разликува од општоприфатените во Вашингтон. Јас не сум толку загрижен за доминацијата на Русија на енергетскиот пазар на ЕУ. САД сега се еден од најголемите извозници на гас и продолжуваат да растат во таа насока. Пазарната моќ ќе ја намали способноста на Русија, користејќи ја енергетска рачка во однос на Европската Унија – вели Песков.

Банкс верува дека е можно тие сериозно да инвестираат во нивната инфраструктура, според барањата на ЕУ за животната средина во однос на штетните емисии на руските енергетски компании како „Газпром“.

САД немаат такви проблеми и можно е конкурентната предност, која сега ја има „Газпром“, во иднина да исчезне.

– Не гледам толку големи закани од „Северен тек 2“ како што гледаат другите – заклучи Банкс.