Гугл информираше дека ќе инвестира повеќе од 1 милијарда долари за да основа нов кампус во Њујорк, пренесува „Форбс“. Намерата на оваа компанија е да го зголеми своето присуство на технолошкот коридор кој се наоѓа на брегот на реката „Хадсон“. Новоизнајмениот простор за кампусот Гугл ќе го користи како главна локација за вршење на глобалните комуникации.

Овие вести доаѓаат по информациите дека Амазон ќе го отвори своето второ седиште во Њујорк. Претходно, во март оваа година, Гугл извести дека за 2.4 милијарди долари го купиле „Менхетен Челзи Маркет“.