Грчките превозници од 7 часот утринава го блокираа граничниот премин Евзони од грчка страна во знак на протест поради рестриктивните мерки на граничниот премин – ограниченото работно време и правењето на ПЦР-тестови на сите возачи, без разлика на државјанството. Предвидено е блокадата да трае до 10 часот .

– Ние како асоцијација, преку наш преставник им доставивме допис со поддршка, насловен до грчката влада и до здружението на грчките превозници ОФАЕ. Сите сплотени се надеваме дека грчката влада ќе има разбирање за проблемите со кои се соочуваме и ќе даде насоки за подобрување на условите на граничниот премин Евзони – ни изјави Билјана Муратовска од „Макам транс“.