Конституиран е новиот состав на Советот за Рамномерен регионален развој и усвоена е програмата за 2021 година во вредност од 440 милиoни денари. Овие одлуки се донесени на синоќешната седницата на Советот, со која претседаваше вицепремирот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Со измените на Законот, предидено е нови членови на Советот да бидат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерката за образование и наука Мила Царовска. Членови на советот се и министерот за локална самоуправа, Горан Милески, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, министерката за култура Ирена Стефоска, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, директорот на Бирото за рефионален развој, Рамиз Реџепи, како и осумте градоначалници, претседатели на осумте плански региони во Македонија.

Освен конститурањето на новиот состав на Совотот за РРР, на седницата, новиот состав ја усвои и Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, која е во вредност од 440 милиони денари, а се задолжи и Бирото за регионален развој да подготви среднорочна, тригодишна програма за РРР.

На оваа седница, Советот го задолжи Бирото за регионален развој да распише јавен повик за за поддршка на регионите и општините преку проекти за развој на специфични подрачја, села и урбани средини во вредност од околу 3 милиони денари.