Новиот сопственик на Горење, кинеската корпорација Хајсенсе, одлучи да ги повлече акциите на Горење од берзата, а одлуката за тоа ја најави за акционерското собрание закажано за 17 септември.

Хајсенсе е сопственик на 95,42 отсто од акциите на Горење, а на малите акционери е подготвен да им понуди 12 евра за акција, што е иста цена по која пред три месеца ги откупи сопственичките удели од мнозинските акционери.

Горење од денеска има и проширена управа во која влегоа шест претставници на кинескиот сопственик, а оставки дадоа досегашните членови на стариот управен одбор.

Горење има 11.000 вработени и покрај домашната фабрика во Словенија, има фабрики и во Чешка и Србија.