Во услови на енергетска криза која се повеќе е актуелна, не само во нашата држава, туку и во светски рамки, се повеќе се зголемува интересот кај приватните инвеститори за вложување во фотоволтаични централи, биогасни централи и други слични начини на
поизводство на енергија од обновливи алтернативни извори.

Во изминатата недела, градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски оствари неколку средби со заинтересирани приватни инвеститори.

– Интересот за изградба на фотоволтаици, биогасна централа и слично е особено голем заради местоположбата на општината. Според разни мерења и истражувања кои се направени се покажало дека Новаци има најголем број на сончеви денови во годината. Нема ден а да не се актуелизира ова прашање во нашите служби. Само во текот на оваа недела остварив три четири средби со потенцијални инвеститори кои сакаат да се
информираат за постапката, парцелите, логистиката на локалната самоуправа и слично – рече градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски.

Како локална самоуправа наша должност е на сите заинтересирани инвеститори да му обезбедиме комплетна логистичка поддршка, потребна документација, решенија за градба, урбанистичка документација, да им помогнеме во воспоставување на линковите со другите институции како ЕВН и други одлуки од наша надлежност и слично, истакна Стевановски.
– Деновите остварив средба со претставници од Механотехника и инвеститорот „Солар Ват“ Доо Битола кои кај нас имаат поднесено барање за изградба на две биогасни централи до еден мегават кои ќе се градат на КП 222/37 и КП 222/38 КО Добромири. Во моментот работиме на проблематиката околу спроведување на среднонапонски кабел до локациите. Исто така имаме една локација за изградба на фотоволтаична централа
Инаку все чека наскоро инвеститорот да започни со градба, а уште една инвестиција е во постапка за изработка на урбанистичка документација, рече градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски.

Во општина Новаци од пред десетина години успешно функционира фотоволтаичната централа „Мегасолар“ од Скопје со капацитет од еден мегават, инвестиција вредна три милиони евра, која беше прва од ваков тип во Македонија.

Локалните власти од општина Новаци очекуваат ваквиот интерес и постоечките инвестиции, кои се покажаа како успешни да мотивираат и други инвеститори, посебно за изградба на ветерници за произведство на електрична енергија, а кои беа претставени како предлог проекти во изборната програма на градоначалникот Стевановски. М.М.