Вкупната вредност на договорените работи на македонската градежна оператива во странство во периодот јануари-септември годинава изнесува 1.207.941.000 денари што е за 40.3 отсто помалку во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.153.349 илјади денари што е за 6.0 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Босна и Херцеговина, Холандија и Србија.