Блок 2 на РЕК „Битола“ од ноќеска во 2.45 часот е синхронизиран со електроенергетскиот систем на Македонија. Производството на електрична енергија од комбинатот продолжува непречено и од блок 1, информираат преку соопштение од АД Електрани.

– На депонијата за јаглен во РЕК „Битола“ во моментов има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет – се истакнува во писмениот допис.

Од таму додаваат дека стручнен тим составен од вработени во РЕК „Битола“ и во енергетските компании во земјава продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на блок 3 кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена.