Телекомуникациската компанија „Вип“ во соработка со Црвениот Крст на град Скопје и Државниот Завод за трансфузиологија спроведе крводарителска акција во која вработените во „Вип“ повторно ја покажаа својата хумана страна и излегоа во пресрет на здравствените институции се со цел да се намали недостатокот на крв и крвни продукти.

-Свесни за значењето за обезбедување доволни количини крвни единици во секое време, вработените во „Вип“повторно доброволно се пријавија на крводарителската акција организирана денеска во просториите на компанијата. Горди сме на масовниот одзив од страна на вработените и на бројот на дарувани крвни единици. Упатуваме неизмерна благодарност за хуманоста која ја покажуваат вработените, даруваат за оние пациенти на кои крвта им е потребна и на тој начин спасуваат животи – изјави Елена Димовска, раководител на Одделот за корпоративни комуникации.

На акцијата која се одржа во просториите на „Вип“ крв даруваа 50 вработени.