Вработените во два дистрибутивни центра на Амазон во Германија стапиле во штрајк барајќи подобрување на условите на работата, што предизвика стравување дека празничните нарачки можеби нема да бидат испорачани на време.

Како што јавуваат агенциите, утрово протести започнаа вработените на Амазон во Лајпциг, во источна Германија и во местото Верне, во западниот дел на земјата.