Фото: Маја Јаневска-Илиева

Според Државниот завод за статистика

Бројот на туристите во јуни 2021 година изнесувал 47.167, од кои 47,2 отсто биле домашни туристи, а 52,8 отсто странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.
– Бројот на ноќевањата во јуни 2021 година изнесувал 117.701, од кои 52,6 проценти се од домашните туристи, а 47,4 проценти од странските туристи. Во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 42,5 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 97,8 отсто, а кај странските зголемувањето е за 8,3 отсто. Во периодот јануари – јуни 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 54,0 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 87,2 отсто, а кај странските зголемувањето е за 27,9 отсто – соопштија од Државниот завод за статистика.