Министерот за економија Крешник Бектеши во технолошко-индустриската развојна зона Тетово го посети објектот во изградба на компанијата „Глас флекс“, создадена со македонско-холандски капитал. Во фабриката на 9.000 квадратни метри, од октомври се очекува да започне производство на стакло со вработување на 300 лица.

– Ќе настојуваме да ги исполниме сите услови за да се привлечат што повеќе инвеститори во оваа зона што нема да влијае само во развојот на општината Тетово туку и на целиот полошки регион. Ќе продолжиме да креираме политики за отворање нови работни места и да се инвестира што повеќе во овој регион, а тоа ќе влијае во подобрување на животниот стандард на сите граѓани што живеат во овие општини. – кажа министерот Крешник Бектеши. Е.Р.