На вечерашната седница на Владата, на предлог на Министерството за правда е донесена Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година.

Врз онова на оваа Уредба, четири милиони евра остануваат во буџетот, информираат од министерството.

Наместо 0,15 отсто од буџетот, политичките партии ќе добијат 0,04 отсто, или изразено во цифри, ако за финансирање на политичките партии годинава требаше да им бидат исплатени 320 милиони денари, врз основа на Уредбата на партиите ќе треба да им бидат исплатени вкупно 71.480.556 денари.

Изразено во евра, околу 4 милиони евра се скратени за исплата и ќе бидат пренаменети во буџетот за справување со последиците од пандемијата, а за политичките партии преостануваат нешто повеќе од 1 милион евра кој ќе треба да биде распределен согласно законските прописи.