Во време на сообраќаен метеж и урбанистички хаос во главниот град, секој заслужува дом во мирна и урбана средина, каде што може да ужива во динамичното секојдневие.

Населбата Криви Дол е една од новите атрактивни локации, која нуди одлични услови за квалитетен живот за целото семејство, а е вистински избор за сите што сакаат да живеат во чиста и зелена околина, на само 3км од центарот на градот.
Во населбата Криви Дол во тек е изградбата на новиот станбен објект Riverview Residence, најновиот проект на градежната фирма „Бортас“, која има 27-годишна традиција во изведба на станбени објекти наменети за пазарот на недвижности.

Објектот Riverview Residence се наоѓа на самиот кеј на реката Вардар, со непречен поглед кон Градскиот парк и Водно, изолиран од градскиот метеж, а сепак близу до центарот на градот.

Зошто Riverview Residenceе идеалното место за вас и за вашето семејство?
Благодарение на одличната местоположба на објектот, Riverview Residence ги нуди сите услови за пријатен живот во динамичното секојдневие. Една од главните придобивки на локацијата е непосредната близина на Градскиот парк, кој ќе ви овозможи вам и на вашето семејство чист и отворен простор за уживање во физичките активности кои имаат позитивно влијание врз вашeто здравје и развој.

Riverview Residence е граден во согласност со сите светски стандарди со парковски површини во приземјето и зелени тераси на катовите. Тоа што го прави овој објект посебен е модерниот изглед и функционалниот распоред на становите, кои се внимателно решени и приспособени на секојдневните потреби на урбаниот човек.
Со особено внимание и следејќи ги најновите архитектонски трендови, во целокупниот процес на градба се користат висококвалитетни, првокласни материјали и опрема за уредување на внатрешноста на секој стан, а идните сопственици ја имаат можноста да направат сопствен избор на дел од материјалите и опремата по сопствен вкус.

Иако самата околина е мирна и тивка, објектот е со одлична звучна и термичка изолација,што овозможува оптимална заштеда на семејниот буџет. Објектот има енергетска ефикасност од А-класа со сопствен (индивидуален) систем на греење и вграден клима-уред во секој стан. За безбедноста на секој дом е инсталиран и видеонадзор 24/7 и видеофонија, а за возилата се обезбедени надземни и подземни паркинг-места во рамките на сопствената парцела.

Од „Бортас“ велат дека со новата зграда сакаат да понудат еден нов концепт на домување, кој ќе овозможи убаво и пријатно живеење во секој дел од денот.

Одлуката за избор на сопствен дом е навистина важна и токму затоа сакаме на нашите купувачи да им понудиме решение кое ќе им овозможи висок квалитет на живеење за нивното семејство. Riverview Residence е внимателно проектиран објект, кој ги нуди сите овие услови, без притоа да се откажете одживотот во градот и навременото извршување на секојдневните обврски.