Фото: Илустрација
“Откупот на тутун заврши, откупувачите ги затворија откупните пунктови, а остана голема количина не откупен тутун.Од ВМРО ДПМНЕ цело време укажувавме, апелиравме, повикувавме да се реши проблемот на тутунопроизводителите кои го имаа со откупот на тутун од овогодишната реколта. Покрај тоа што тутунарската мака, пот се откупи по катастрофално ниски цени, тутунарите оваа година се оштетени со 60 до 100 денари по килограм откупен тутун. Алармиравме дека ќе останат и неоткупени количини што еве и се случи. Ова меѓу другото го посочи пратеникот Петар Ристески на денешната прес-конференција во Прилеп.
Тој истакна дека како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата цело време барале зголемување на субвенциите оваа година за 100 отсто, како обештетување на тутунарите за оваа лоша откупна реколта, но власта на чело со Заев останала глува.
–  Иако цело време им ветуваа и ги манипулираа тутунопроизводителите,  на крај  им понудија милостина од некој 10 до 12 денари по килограм. Пратениците од ВМРО- ДПМНЕ и Коалицијата за оваа цел на 15 февруари поднесовме предлог-закон за промена на законот за тутун, во кој меѓу другото бараме продолжување на откупот оваа година до 31 март. До сега одговорно тврдам од страна на претседателот на Собранието овој предлог-закон не е ставен на седница на дневен ред, а од СДСМ лажат дека опозицијата не давала подршка за предлог законот да помине во собрание. Еве јавно кажувам и повикувам претседателот на Собранието да закаже седница со единствена точка на дневен ред нашиот предлог-закон за промена на законот за тутун, а пратениците од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата и во 3 часот после полноќ би влегле во собрание и би гласале за нашиот предлог закон. Секако во корист на тутунопроизводителите со цел да се откупи целата количина неоткупен тутун – истакна пратеникот Ристески. Ка.М.