Владата ќе помогне во изградбата на браната Отиња, најави премиерот Зоран Заев, кој е во посета на Штип.

– Проектот кој штипјани го чекаат повеќе од 35 години, а тоа е изградбата на насипната брана Отиња, станува реалност, Владата ќе помогне. Овој капитален објект конечно ќе биде реализиран и градот под Исарот, кој воодушевува со туристичките атракции и културно-историски споменици, ќе стане уште поатрактивна локација за домашните и странски туристи, со која ќе се гордеат сите граѓани на нашата држава – рече Заев.

Тој најави дека Владата ќе помогне во реализирање на овој стратешки проект вреден седум и пол милиони евра.

Додаде дека проектот обезбедува еколошки гарантирано протекување на реката Отиња, односно заштита од поплави, како и снабдување со технолошка вода за наводнување на зеленилото во градот.