Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Со оваа предлог-одлука се предлага продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во наредните 6 месеци, односно до 9 јуни 2022 година.

Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија.