Премиерот Зоран Заев денеска по седницата на Економско-социјалниот совет најави нова мерка за раст на платите.

Како што рече Заев на прес-конференција во Владата, станува збор за директна финансиска поддршка од 30 отсто од растот на бруто платите на работниците во трудоинтензивните дејности.

Условите за оваа мерка, напомена премиерот, ги исполнуваат околу 15.000 компании и 50.000 работници.

– Целта е една – да растат платите и граѓаните да имаат повеќе пари, рече Заев и апелира до фирмите да ги покачат платите и да аплицираат за владините мерки зашто државата е тука, како што истакна, да помогне.

На прес-конференцијата е предвидено да се обратат министерката за труд и социјала Мила Царовска, како и министерот за финансии Драган Тевдовски, а присутни се претседателот на ССМ Дарко Димовски и претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров.