Во дворот на секое училиште во Софија мора да има поставено камери за видеонадзор. Ова е содржано во плановите на општината Софија, за функционирање на Центарот за оперативни работи што следи 139 детски градинки и 106 училишта.

– Камери има поставено и во други јавни површини, како паркови и плоштади и друго. Некои градинки и училишта имаат сопствен видеонадзор, а набљудувањето се врши на самото место во објектот – објави општината Софија.

На почетокот на годината се зборуваше за внатрешно набљудување во детските градинки. Сепак, ова ќе се случи само по согласност на педагошкиот персонал и родителите. Тоа беше и причината да се спроведе анкета во градинките, кои покажаа дека постои незадоволство од идејата за внатрешно набљудување.

Системот за набљудување во Софија проработи во 2006 година Две години подоцна под надзор биле 40-50 објекти, во моментов се набљудуваат 353 места.

Центарот во градската општина има контролна точка за националниот итен број 112, што помага да се создаде брза координација помеѓу екипите за итна помош.
Видеоцентарот оперира со 3.500 видеокамери што го следат јавниот ред во градот. Околу 2.600 се наменети за следење крадци и вандали, а 230 ги следат сообраќајот и неправилностите на патот.

Во подземната железница во Софија има поставено 630 камери.