На 2 април во 1992 година е донесен првиот буџет на независна Република Македонија, кој бил предложен од министерот за финансии Методија Тошевски, а потпишан од тогашниот претседател на Собранието Стојан Андов и претседателот на Република Македонија Киро Глигоров. Буџетот секоја година предизвикува полемики во медиумите и јавноста околу неговата оправданост, низ бројки ве потсетуваме како тој растел од 2008 година наваму.