Планираниот излез на Обединетото Кралство од Европската Унија (ЕУ) веќе предизвикува рецесија на економијата, пишува во истражувањето на Националниот институт за економски и социјални истражувања (НИЕС), а пренесува „Блумберг“. 

НИЕС предвидува дека економскиот раст на земјата во 2019 и 2020 година ќе изнесува 1 отсто, меѓутоа веќе има индиции дека економијата се намалува за една четвртина.

Во случај да не се постигне договор со ЕУ, НИЕС не ја отфрла можноста од појава на тешка криза, меѓутоа и да се постигне договор економијата ќе стагнира, при што инфлацијата ќе се искачи за 4,1 отсто, а фунтата ќе изгуби вредност за околу 10 отсто.

Според анализите, непостигнувањето на договор ќе предизвика паѓање на БДП-то за околу 2 отсто, но без разлика на конечниот исход од брегизт, сепак производството на оваа островска држава ќе падне под 5 отсто.

НИЕС исто така предвидува дека постојат 30 отсто шанси за намалување на економијата во 2020 година и зголемување на буџетскиот дефицит за 2,7 отсто, доколку биде постигнат договор структурното задолжување во 2020-21 година ќе биде под 2 отсто.