Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги повлече САД од договорот со Иран, ги загрозува договорите на Боинг за обнова на иранската застарена комерцијална авио-флота, оценува денеска тв мрежата ЦНБЦ.

Најголемата светска компанија за производство на воздухоплови, има договори за продажба на авиони на иранските авио-компании во вредност од околу 20 милијарди долари, според каталошка цена.

– Следејќи ја објавата, ќе се консултираме со американската влада за следните чекори – се вели во изјавата од Боинг по соопштувањето на одлуката за повлекување на САД од договорот со Иран.

Акциите на Боинг го завршија денот со пад од 0,6 проценти.