Кинеските воздухопловни компании ќе купат 7.690 нови авиони во вредност од 1.200 милијарди долари во следните две децении, за да го одржат чекорот со растечката потрошувачка и деловната побарувачка за воздушен превоз, проценува Боинг.

Најновата проценка на американскиот производител на авиони за периодот до 2037 година е поголема за 6,2 отсто од ланските прогнози, кога Боинг очекуваше кинеските компании до 20-36 година да купат 7.240 авиони.

– Растот во Кина може да се припише на јакнењето на средна класа во таа земја. Средната класа се утростручи во последните десет години, а се очекува да се удвои во следните десет години – изјави денеска Ренди Тинсет, потпретседател за маркетинг на компанијата Боинг Комершл Ерплејнс.

Боинг и неговиот европски соперник Ербас се борат да го зголемат пазарниот удел во Кина, најбрзиот растечки светски пазар за авиони, па обете компании отворија производни погони во Кина.