Фото: Маја Јаневска-Илиева

Низ светот лани пропатувале рекордни 1,5 милијарда туристи

Во текот на 2019 година низ светот пропатувале рекордни 1,5 милијарда туристи, што е за четири отсто повеќе од 2018 година, а пораст од три до четири отсто се очекува и во 2020 година, покажуваат податоците на Светската туристичка организација (УНСТО).
За резултатите во 2019 година се нагласува дека ова е десетта година по ред како се бележи пораст во светскиот туризам.

Признание за ССК

Генералниот секретар на Светската царинска организација, Кунио Микурија, ѝ додели признание за придонес кон развојот на царината на претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. Признанието ѝ го врачи директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.
Арсовска истакна дека признанието е една потврда за успешната соработка на ССК со институциите, каде што активно се вклучува како промотор и лидер на современите светски трендови, со акцент на дигитализација на процесите.
– Дигитализацијата на деловните процеси и поврзаноста на институциите при имплементирањето на новите трендови се од особена важност за зголемување на продуктивноста и конкурентноста на деловната заедница – изјави Арсовска.