Двојно зголемен извозот на ракија од Србија

Во последните пет години производството на ракија во Србија е зголемено за повеќе од 25 отсто, додека истовремено извозот е зголемен за 42 проценти, велат од Стопанската комора на Србија. Покрај најпопуларната и најзастапена овошна ракија од сливи, познатата „сливовица“, која се извезува и во САД, последните години сè повеќе се произведува и ракија од дуњи, круши, кајсии и од малини.
Според податоците на Српскиот завод за статистика, во структурата на извозот првите пет земји се Црна Гора со 19,3 отсто, САД со 14,5 проценти, Хрватска со 13,5 отсто, Германија со 11,6 проценти и БиХ со 10,1 отсто, додека учеството на преостанатите земји е 31 процент.
Ракијата од Србија во 2018 година најмногу се извезувала во ЕУ и тој извоз е вреден 2,1 милиони евра, потоа во земјите од ЦЕФТА – 1,7 милион евра и во преостанатите земји – 1,7 милион евра.

Платен промет во Црна Гора ќе вршат и информатички и телекомуникациски компании

Владата на Црна Гора до крајот на оваа година би требало да ги подготви измените на Законот за платен промет и да овозможи услугите од платниот промет, покрај банките, да можат да ги вршат и информатичките и телекомуникациските компании.
Со тоа решение комерцијалните банки ќе добијат конкуренција и ќе бидат обврзани на компаниите што ќе добијат дозвола за давање услуги во делот на платниот промет да им ги отстапат сите податоци за своите клиенти.
Поедноставно кажано, Црногорците за некоја година би можеле платите да ги користат преку налог на Фејсбук или Гугл.
Голем новитет е и тоа што граѓаните или фирмите, наместо сегашниот облик на жиро-сметка, во одделни банки ќе имаат само еден број (шифра) што ќе важи без оглед на банката или ИТ-компанијата.
Во земјите од ЕУ воведувањето на новиот стандард за дигитално плаќање (ПСД2) заживеа на 14 септември минатата година. Тоа им овозможи на компаниите што досега главно се занимаваа со информатички технологии, како што се „Гугл“, „Епл“, „Фејсбук“, да вршат и услуги во делот на платниот промет, односно дигиталното примање и испраќање пари, плаќање сметки…
Многу од тие ИТ-компании веќе имаат свои платежни картички, а некои и дигитални валути.

Биткоинот е посупериорен од златото

Оцената дека биткоинот како валута е непроценлив е многу важен атрибут, особено во земјите како Аргентина и другите, во кои усвојувањето на криптовалутите во моментот расте.
Тони Вајс, поранешен трговец на Волстрит, вели дека е оптимист во поглед на иднината на биткоинот и смета дека е важно луѓето „конечно да сфатат колку е тоа значајно за глобалниот финансиски систем“.
Трговецот со деривати, кој беше брокер речиси деценија, додава дека биткоинот е значително посупериорен во однос на златото. Вајс објаснува дека златото е тешко за транспорт и е лесен плен за крадците, а за биткоинот е убеден дека ќе достигне нови високи вредности.