Германската автоиндустрија не ја напушта песимизмот

Германската автомобилска индустрија не ја напушта песимизмот, покажуваат резултатите од најновото истражување на ИФО-институтот за работењето на тој сектор.
Учесниците во анкетата и натаму ја оценуваат својата моментална деловна ситуација полошо од времето на глобалната финансиска криза во 2009 година, се наведува во соопштението на институтот.
Индексот на деловното расположение во германската автомобилска индустрија се разбуди од априлското ниво од минус 87,2 поени на минус 84,4 бода во мај 2020 година. Во април 2009 година тој индекс изнесувал минус 82,9 бода.
Сепак, идните деловни очекувања на компаниите не се толку песимистични, со оглед на тоа што индексот во тој сегмент пораснал од минус 44,4 поени на минус 13,4 поени, се додава во соопштението на ИФО.

ЕК ја означи короната како закана од трет степен за работниците

Европската комисија одлучи новиот коронавирус да го окарактеризира како закана од средно ниво за работниците, што ќе им овозможи на работодавците во ЕУ да применат помалку строги мерки за безбедност на работното место отколку што тоа би било доколку вирусот беше окарактеризиран како високоризичен.
Оваа одлука би можела да има пошироки економски и здравствени последици, бидејќи би можела да влијае врз трошоците на компаниите кога станува збор за целосно почнување на работните активности, како и врз безбедноста на работниците, пренесува Ројтерс.
Во согласност со правилата на ЕУ, новиот коронавирус е класифициран како закана од трето ниво на скалата на ризици, на која четвртиот степен е највисок. С.Т.