Плановите на ЕУ за помош на млекарскиот сектор наидоа на критики

Плановите на Европската Унија да му помогне на млекарскиот сектор да ја преброди корона-кризата со складирање на вишокот млеко наидоа на критика на производителите, кои тврдат дека се одложува проблемот, а не се нуди решение.
Европската комисија минатата недела предложи финансиска поддршка за складирање на млекото во прав во приватни објекти како одговор на корона-кризата.

Исто така, ЕК му дозволи на млекарскиот сектор заеднички да го планира производството, ослободувајќи го шест месеци од обврската за почитување одредени прописи што се однесуваат на пазарната конкуренција.
Европскиот комитет за млеко и интересната групација на производители на млеко тврдат дека таквите мерки досега не ги решавале кризите, напоменувајќи дека складираното млеко во прав и натаму го оптоварува пазарот.

„Зум“ се засилува преку соработка со „Оракл“

Американската компанија „Зум видеокомјуникејшн“ објави дека почнала да ги користи услугите во облак на „Оракл“, за да одговори на силниот скок на побарувачка за организација на видеоповици во време на пандемијата.
Корпорациите и училиштата се принудени да организираат работа и настава од дома, а милијарди луѓе се обидуваат за време на пандемијата да останат поврзани, почитувајќи ги пропишана дистанца и одредбите за изолација.
Тоа на „Зум“ му донесе скок на бројот на корисници, од 10 милиони во декември минатата година на сегашните 300 милиони, но предизвика и проблеми со безбедноста и заштитата на податоците.

Компанијата усвои план за отстранување на безбедносните ризици, но прашањето за недоволен компјутерски капацитет остана нерешено.
Пред шест недели ова компанија почна да соработува со „Оракл“, кој сака да ги стигне поголемите конкуренти како „Амазон“ и „Мајкрософт“ со новата компјутерска технологија во облак, откако првата генерација остана речиси незабележана.
Вредноста на договорот не е објавена, а двете компании само наведоа дека со сообраќајот на милионите корисници на платформата Зум ќе управува системот на услуги во облак на „Оракл“, а дневно низ неговите сервери минуваат околу седум милиони гигабајти податоци од Зум.