Приватниот сектор во Франција доби поттик да почне да работи

Приближно 9,6 милиони француски работници, речиси половина од вработените во приватниот сектор, привремено останале без работа или работат скратено поради епидемијата на коронавирусот, објави француската министерка за труд Мјуриел Пеникод.
Таа во разговор за една радиостаница изјави дека ги поттикнува компаниите што привремено запреле со работа повторно да го почнат да работат доколку можат да ги спроведат официјалните насоки за хигиената и безбедносните мерки.
Кон средината на март Франција нареди затворање на сите угостителски објекти, чие работење не е нужно во периодот на карантин. Но за разлика од некои земји, никогаш не воведе ограничувања на работењето во индустријата и во услужните сектори додека тие ги почитуваат прописите за хигиена.

Во САД просторот за складирање се бара повеќе од нафтата

Пандемијата на коронавирусот ја запре економијата, намалувајќи ја побарувачката на нафта, а полните резервоари ги поттикнаа инвеститорите во САД да се обидат да ги избегнат трошоците за складирање нудејќи им на купувачите попуст.
На американскиот пазар цената на барел нафта на почетокот на оваа недела првпат во историјата се спушти во негатива, па со барелот со рок на испорака во мај се тргуваше по минус 37,63 долари.

Тоа значи дека инвеститорите што купиле нафта со рок на испорака во мај ги одбивале испораките за да ги избегнат трошоците за складирање. На крајот беа подготвени да ја продадат нафтата и по пониска цена и да се ослободат од неа.
Во изминатите два до три месеци се складирани дури 30 милиони барели нафта дневно, околу 30 отсто од некогашната побарувачка. Дури и доколку побарувачката се врати на нивото од пред корона-кризата, ќе биде потребно долго време ова количество нафта да се потроши, предупредуваат аналитичарите.
– Пазарот на енергенти, всушност, порачува дека побарувачката нема толку скоро да се обнови, а понудата е преголема – појаснува Кевин Фланаган од њујоршкиот „Висдомтри асет менаџмент“.