Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 отсто во однос на одлуката од 6 септември.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за еден денар за литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката од 6 септември.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,552 денари за килограм и сега ќе изнесува 38,395 денари за килограм.

Од 14 септември од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 63,5 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 38,395 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 4,142%, дизелот за 0,066%, кај екстра лесното масло има намалување за 0,11% и кај мазутот има зголемување за 2,34%.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,343 %.