Фото: Архива

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 20.7.2020 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,5 денар за литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 59,5 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 61,5 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) не се менува, односно останува на исто ниво од 53 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,5 денар/литар и ќе изнесува 53 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,155 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,06 ден/кг.

Од 28.7.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 59,5 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 61,5 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) 53 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,5 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 26,06 (денари/килограм)