Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на цените на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на претходната недела.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се намалуваат за половина денар по литар и од полноќ ќе се продаваат, по нови, намалени цени:

– Бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 71 денар/литар
– Бензин ЕУРОСУПЕР БС -98: 73,50 денари/литар
– Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В): 62 денара/литар

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво од минатата недела од 62 денара/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,195 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,681 ден/кг.