Министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети како и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи извршија увид во реконструкцијата на патниот правец Буковиќ-Раовиќ, кој е еден од 94-те проекти од ТАВ програмата за поддршка на општините. Се работи за пат долг шест километри со вкупна вредност на инвестицијата од 47 милиони денари.

– За сите проекти кои покажаа економска оправданост предвидени се средства. Владата во соработка со компанијата ТАВ избраа проекти кои се во јавен интерес, како што се локални патишта, водовод и канализација, училишта, градинки и други проекти. Главната цел е со реализација на вакви проекти да го подобриме животот на граѓаните во сите општини низ државата. Во општина Сарај директно од програмата на ТАВ ќе се реализираат два проекти, а дополнително ќе се реализира и проект за изградба на спортска сала. Со ова покажавме дека локалната власт заедно со Владата може да реализираат проекти во краток рок. Општината аплицираше за овој проект и одобрени се средства за реконструкција на патот од село Буковиќ до Раовиќ, кој е во должина од шест километри. Вредноста е 47 милиони денари и ќе се прошири на одредени места и ќе има браници поради положбата на населеното место и за посигурно движење на граѓаните во овој предел. Ова е многу значаен проект за општина Сарај, и со ова се докажува дека и во малите населени места се инвестира и се грижиме за граѓаните без разлика на тоа колку луѓе живеат на одредено место. Изградбата на квалитетна патна инфраструктура за Министерството за транспорт и врски е приоритет над приоритетите и за жителите во овој регион ќе биде од голема важност и ќе влијае во подобрување на квалитетот на нивниот живот – истакна од ДУИ.

Преку ТАВ Програмата потпишани се 94 договори, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, за реализација на инфраструктурни проекти во речиси сите општини во земјата.