Фото: Игор Бансколиев/Илустрација

Ги повикувам граѓаните на бесплатниот телефонски број 191 да пријават на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи, вели министерот за економија Крешник Бектеши.

На бесплатната телефонска линија, како што појаснува во напишаното на Фејсбук, сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи информира Бектеши.

Како што истакнува министерот, согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало која што е објавена во Службен весник, започнувајќи од 6 декември се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември одинава, во трговијата на големо и мало на: лебот, шеќерот, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда.

Оваа одлука, ќе важи до 31 јануари в година, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.