Од 14. Мај започната е акација на распределување на помошта од над 35 тони храна од Европската Унија преку Банката за храна на Македонија до семејствата на кои таа им е најпотребна.

Станува збор за една од најголемите акции што една граѓанска организација воопшто испорачала и реализирала на овие простори- подготовка и дистрибуција на 1620 прехрамбени пакети, 6480 заштитни маски и 1620 дезификанти до 1620 семејства во 20 општини во нашата држава.

Денеска Банката за храна на Кавадарци доби 80 пакети кои волонтерите директно ќе ги достават до семествата со социјален ризик во општина Кавадарци.

Утре банката на храна ќе достави пакети во градовите Штип и Велес по што ќе следат и другите градови во Македонија.

Банката за храна Кавадарци со право се издвојува како лидер меѓу останатите банки за храна кои активно делуваат на територијата на Македонија. Неполни три години активисти од Еколошкото здружение за заштита на животната средина „Екоживот“ и „0- глад во Кавадарци“ на месечно ниво редовно вршат достава на пакети со храна до домовите на семејствата со социјален ризик. Имено еднаш на три месеци во соработка со Центарот за социјални работи во Кавадарци се прави ревизија на листата на корисници на социјална помош и просечно на околу 100 семејства секој месец волонтерите им носат пакети со храна. Исто така дополнително се интервенира кај семејства каде интервентно им е потребна храна во соработка со Општина Кавадарци каде во кол центарот се јавуваат семејства и бараат помош.
– Доброто функционирање на „Банка за храна Квадарци“ е благодарение на добрата соработка и хуманоста на дел од бизнис секторот во Кавадарци кои несебично континуирано донираат храна за сиромашните семејства и тимот на волонтери кои таа храна директно ја доставуваат до домовите на семејствата со што се избегнува чуствителниот момент на собирање на тие граѓани и јавно делење на храната. Морам да истакнам дека ги користиме сите механизм да ги избереме вистинските семејства на кои им е потребна помош а да ги елиминираме оние кои сакаат да ја злоупотребат нашата работа. Минатата година со почетоците на пандемијата само во месеците Април и Мај на месечно ниво делевме од 350 до 400 пакети што беше премногу напорно за волонтерите со оглед на фактот што само ние во Кавадарци доставата на пакетите ја вршиме до домовите на социјално ранливите семејства – вели претседателот на „Екоживот“ Роберто Паризов.
Паризов е горд што Кавадарци е пример за цела Македонија и воедно најави доколку се обезбеди соодветно складиште да прераснат во регионален центар на банка за храна кој ќе ги опфати и околните општини.