Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев, денеска направија увид на двата проекти кои се реализирани со средства од Програмата за рурален развој.

– Наша приоритена цел е граѓаните на овие населени места да добијат квалитетни услови за живот во селата. Со средствата од Агенцијата за финансиска поддршка, реализиравме два проекти и тоа: Реконструиравме стари селски чешми и партерно ги уредивме. Исто така со овие пари за прв пат село Бања доби канализациона мрежа што е од витално значење за жителите на оваа населено место – истакна градоначалникот Крстев.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Бабовски, истакна дека преку двата проекти во овој дел од државава се инвестираат близу 18 милиони денари.

– Преку проектот кој денеска го посетивме, обезбедивме вода за селата Стераци, Спанчево, Бања и Соколарци. Додека преку „Изградба на фекална канализација во селото Бања“ овозможивме над 300 жители на ова село за прв пат да добијат канализација со што ќе им го подобриме квалитетот на живот, а позитивно ќе влијаеме и на заштита на животната средина – истакна Бабовски

Тој истакна дека средствата се неповратен грант, општината треба само да го плати ДДВ–то.

Средствата за реализација на овие проекти се обезбедени од Буџетот на Република Македонија поточно од Програмата за рурален развој.