Германскиот производител на автомобили Ауди, дел од групацијата Фолксваген, соопшти дека е казнет со парична казна од 800 милиони евра за прекршувања поврзани со шест и осум цилиндрични дизел мотори што не се во согласност со стандардите за заштита од загадување. Имено, од Ауди манипулирале со нивоата за емисии на штетни гасови.

– Поради тие специјални ставки, Ауди значително ќе ги поткопа главните показатели за успешност на финансиските индикатори за фискалната 2018 година – се вели во соопштение на Ауди.

Фолксваген предупреди дека и неговата заработка ќе биде засегната.

– Ауди ја прифаќа казната и нема да поднесе жалба против тоа – соопшти компанијата. Со тоа, Ауди ја признава својата одговорност за отстапувањата од регулаторните барања.