Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев соопшти дека ја продал својата ЕДС, на грчкото Електростопанство – ППЦ, за сума од 4,8 милиони евра.

– „Јас сум навистина со мешани чувства, бидејќи од една страна мислам дека направив добар чекор за иднината на компанијата, бидејќи денеска, сега, зад таа компанија стои еден гигант во енергетскиот сектор во регионот, таа има пет милијарди евра годишен промет, поголем од буџетот на РМ, и 15 милијарди евра капитал во електрани, далекуводи и слично, мислам дека со таков ветер во грбот ЕДС ќе има прекрасна иднина – вели Анѓушев.