Фото: Дарко Андоновски

Владата е посветена на унапредување на енергетското живееење во земјата, со особен фокус на зголемувањето на производството на електрична енергија од обновливи извори, истакна вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на отворањето на дводневниот меѓународен саем РЕНЕКСПО, кој првпат се одржува во Македонија, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Во своето обраќање, Анѓушев изјави дека е важно да пробие до јавноста новиот закон за енергетика кој беше донесен во мај 2018 година, кој широко ќе ја отвори вратата за обновливи извори за производство на електрична енергија во Македонија.

Заедно со Анѓушев, саемот го отвори и германскиот амбасадор во Македонија, Томас Гербери.

Во рамките на утрешниот втор ден од саемот ќе се одржат меѓународните конференции за биоенергија и за хидроенергија.