Владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев од денеска до 26-ти овој месец учествува на настаните во рамките на „Конференција за економија: Балканот и Европската Унија-Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будва, Црна Гора.

Вицепремиерот Анѓушев во текот на утрешниот ден ќе се обрати на панелот „Економска и европска перспектива на Балканот“, на која е најавено учество и на претседателот на Владата на Црна Гора,  Душко Марковиќ, претседателот на Владата на Република Македонија, Еди Рама, претседателот на Советот на министри на БиХ,  Денис Звиздиќ, претседателот на Владата на Република Косово, Рамуш Харадинај и претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.