Собранието на Република Македонија ја именува Анита Ангеловска-Бежоска за гувернерка на Народната банка на Република Македонија (НБРМ). За неа гласаа 81 пратеник, а воздржани и против немаше.
Ангеловска-Бежоска е првата жена-гувернер на НБРМ, а на оваа позиција доаѓа од вицепремиерското место во банката.
Нејзин претходник беше Димитар Богов.