Анета Спасојева од Радовиш е првата учесничка во бонус играта „Заврти Еко скутер тркало“ која ги „одмери силите“ со тркалото на среќата и си замина дома со 150.000 денари бонус на нејзината трансакциска сметка, соопшти Државна лотарија.

– Со Анета се дружевме во ТВ студиото на Лото 7 откако беше извлечена по електронски пат со помош на генератор во 88 коло. Пред камерите, ни раскажа дека редовно се забавува со игрите на среќа на Државна лотарија, а особено се израдувала на новата Бонус игра „Заврти ЕКО СКУТЕР тркало“ затоа што со недобитните инстант лозови, играчите добиваат втора шанса за добивка – информираат од Државна лотарија.

„Заврти ЕКО СКУТЕР тркало“ е бонус игра за забава и добивки наменета за сите љубители за инстант лозот „Еко скутер“. Потребно е регистрирање/најава на веб-страницата на Државна лотарија, запишување на 11-цифрениот сериски број
(баркод) кој се наоѓа на задната страна на лозот, а исто така се запишува и 8-цифрениот контролен број (баркод) кој се наоѓа под полето прекриено со заштитен слој на кое пишува „НЕ ГРЕБИ“.

Можноста за учество веќе започна, а ќе трае заклучно со 23 март 2022 година.

Во тек на овој период, секоја седмица, во лото емисијата, се извлекува по еден од онлајн учесниците којшто ќе биде поканет да биде специјален гостин во телевизиското студио на Лото 7. Гостинот, во живо, ќе врти тркало на среќата со можност да освои парична добивка со вредност од 50 000, 100.000 или 150.000 денари. Согласно правилата на бонус играта, гостинот не може да си замине дома без добивка или со добивка помала од 5000 денари.

Во тек на бонус играта секој којшто учествува ќе добие еднаква шанса да биде извлечен, а неговото учество ќе му дари единствено искуство да биде специјален гостин во судиото на Лото 7, да го заврти тркалото на среќата и да
добие 50.000, 100.000 или 150.000 денари.

 

Но, изненадувањата со Државна лотарија никогаш не престануваат. Сите недобитни регистрирани инстант лозови Еко скутер влегуваат во игра за два автомобила БМВ Х1, и тоа со две извлекувања по електронски пат:

  •  Првото извлекување ќе се одржи на 8.1.2022 година, а ќе учествуваат сите лозови кои претходно не биле извлечени за парична добивка од 1-во до 10-то коло.
  • Второто извлекување за автомобил БМВ Х1 ќе се одржи на 19.3.2022 година. Ќе учествуваат сите регистрирани инстант лозови кои претходно не биле извлечени за парична добивка и тоа од 11-то до 20-то коло.

Ве покануваме на уште една авантура преку www.loto.mk која може да Ве одведе до прекрасен автомобил БМВ Х1. Билет до возбудливата авантура „Заврти ЕКО СКУТЕР тркало“ е недобитен лоз Еко скутер. Воедно, со купување на пакет 5 +1 Еко скутер, давате Ваш придонес во општественоодговорни цели и заедничката акција на Црвен крст и Државна лотарија под име „Круг на среќата и солидарноста наменета за поддршка на најнемоќната категорија граѓани во борба против ковид-19.

Повеќе податоци се достапни на следниот линк.