Министерката за финансии, Нина Ангеловска, на онлајн средба со амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнз, разговараа за актуелните случувања во економијата и справувањето со последиците од ковид-19, како и за идните иницијативи на САД за помош и поддршка на приватниот сектор и јакнењето на граѓанското општество.

– На состанокот министерката за финансии Ангеловска информираше и за тековната состојба на економијата и соочувањето со ковид-19 кризата. Таа посочи дека земјата веќе ги реализира двата сета на антикризни мерки за кои има голем интерес, како и дека во подготовка е нов сет на мерки, кои ќе бидат дизјанирани во насока на поддршка на стопанството во периодот на опоравување – соопшти Министерството за финансии.

Од двете страни било афирмирано долгорочното пријателство помеѓу двете земји и поддршката која САД ја дава на земјава во сите сфери на нејзиниот развој.