Алкалоид АД Скопје континуирано вложува во освојување на поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел на 21 октомври изврши дополнително вложување во Алкалоид ДОО Белград, друштво кое е стоотстотна сопственост на Алкалоид АД Скопје, по пат на зголемување на основачкиот влог.

Станува збор за инвестиција вредна 1.800.000 евра наменета за проширување на производните капацитети во производниот погон на „Алкалоид“ во Република Србија.

Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото.