„Алкалоид АД Скопје“ регистрира ново друштво во Велика Британија, со назив „ALKALOID UK LIMITED“. Друштвото е во 100 отсто сопственост на „Алкалоид АД Скопје“.
– Земајќи го предвид излезот на Велика Британија од Европската Унија, менаџментот на „Алкалоид АД Скопје“ донесе одлука за отворање ново друштво, заради зајакнување на постојните позиции на пазарот – соопштуваат од компанијата.
„Алкалоид“ е присутен во Велика Британија преку продажба на фармацевтски производи со реализирани продажби во износ од 313 милиони денари во 2020 година.
Со ова „Алкалоид“ продолжува во насока на остварување на својата главна стратегиска определба, односно развивање како извозно ориентирана компанија со стабилна пазарна позиција.