Компанијата Еуроимпекс, генерален увозник за Брендот Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија ги известува своите клиенти за акцијата „Мобилизираниза вас“.

Со намалување од 15% акцијата опфаќа комплетен клима третман и 20 проверки на возилото, или подетално:
– промена на филтерот за полен;
– дезинфекција на системот за вентилација;
– промена на разладен флуид R134A;
– 20 надворешни и внатрешни проверки на возилото, вклучувајќи и проверка на
акумулаторот.

– За нас здравјето и благосостојбата на нашите вработени и клиенти е приоритет број еден. Сите продажно сервисни локации на Peugeot во земјава не престанаа со работа, ние сме отворени за клиенти и со задоволство ќе помогнеме при сите барања во врска со купување на ново или со сервисирање на возило. При тоа, секако дека ги почитуваме препораките и одржуваме безбедна дистанца. Сите вo PEUGEOT сме фокусирани да Ви овозможиме безбедно искуство со нас – изјави Зоран Серафимовски, Извршен директор на Еуроимпекс.

Со оваа акција, од Еуроимпекс очекуваат дека ќе им го олеснат процесот на своите клиенти во одржување и грижа за своето возило, и веруваат дека ќе им обезбедат безгрижни денови за периодот кој следи.

Системот за вентилација е простор во кој се размножуваат микроорганизми и бактерии. Па следствено на тоа, потребно е да се одржува во уредна состојба. Се препорачува еднаш годишно, најчесто пред користење на функцијата „ладење“, да се изврши дезинфекција на системот за вентилација и се промени кабинскиот филтер. Преку оваа операција ќе го заштитите вашето здравје и воедно ќе се елиминира непријатната миризба која се чувствува во кабината.

Нашиот тим останува на Ваше располагање, побарајте термин за сервисирање на Вашето возило.